ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден Албанец помеѓу добитниците на државната награда „8 Септември“
ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата биле изоставени од државните награди „8 Септември“, каде што се доделува највисоката награда за животно дело и четири финансиски награди за достигнувања во областа на спортот. Потенцираат дека ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту едно албанско име не се сметало за достојно за оваа државна награда.
Според ДУИ, ова не е само резултат на списокот на награди туку показател за пристап што ги исклучува Албанците од секој простор каде што државата треба да го признае нивниот придонес, успех и талент.
-Албанските спортисти ја претставуваа Северна Македонија, освојуваа медали, го кренаа државното знаме на меѓународни натпревари и со години придонесуваа за развојот на спортот, но кога ќе дојде време да се оценуваат, за нив нема место на државната листа, велат од партијата.
ДУИ прашува кој е критериумот што ги прави Албанците, како што објавуваат, невидливи дури и кога станува збор за спортски и професионални достигнувања?
-Дали е ова „фер и соодветна застапеност“ што ја вети ВАЛЕН? Или уште еден доказ дека Албанците се третираат како граѓани од втор ред? Бараме целосна транспарентност во врска со критериумите, постапката и составот на комисијата што одлучуваше за овие награди. Бидејќи нула Албанци не можат секогаш да бидат случајност. Кога исклучувањето се повторува, тоа станува политика. И ДУИ нема да молчи пред оваа политика на дискриминација и бришење на придонесот на Албанците од државните институции, стои во партискиот став од „Мала Речица“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…