ДУИ: Бурим Латифи и по три дена се крие и молчи за штетата од 6 милиони евра што ја предизвикал
ДУИ ја смета за целосно неодговорна континуираната тишина на Бурим Латифи, кој и по три дена не дал никакво објаснување пред јавноста во врска со штетата од околу 6 милиони евра што ѝ ја нанел на државата.
Неприфатливо е за вакво сериозно прашање, кое се однесува на управување со јавни средства и институционална одговорност, да отсуствуваат транспарентноста и отчетноста. Јавноста има право да знае зошто е раскинат договорот со првата компанија и кои биле вистинските причини за таквата одлука.
Исто така, бараме јасни одговори зошто за истото прашање е склучен договор со друга компанија од Бања Лука, за која во јавноста постојат сомнежи за блискост со политички структури од Република Српска и Милорад Додик. Доколку овие наводи се точни, тогаш се отвораат сериозни дилеми за процесот на избор и за тоа дали е заштитен јавниот интерес.
Според јавно достапните информации, одлуката на органите за решавање на спорови (ДАБ) резултирала со финансиска штета за државата во износ од околу 6 милиони евра. Ова дополнително ја нагласува итноста од потребата одговорните да излезат пред граѓаните и да дадат целосни објаснувања.
ДУИ смета дека Бурим Латифи има директна обврска кон граѓаните да објасни:
- зошто е раскинат договорот со првата компанија,
- врз која основа е склучен новиот договор со компанија поврзана со Милорад Додик,
- и како дошло до финансиска штета од милиони евра.
Транспарентноста и одговорноста се обврска. Молкот во овој случај само ги зголемува сомнежите и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции.
Дополнително, ја повикуваме Јавното обвинителство да го истражи овој случај, како и Државна комисија за спречување на корупцијата. Одговорност мора да има и институциите без одлагање треба да постапат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…