Објавено на:

ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од 6 милиони евра

t

Вчерашните изјави и постапки на директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, претставуваат јасно признание дека со неговите одлуки е предизвикана штета од над 6 милиони евра врз државниот буџет, велат од ДУИ.

– Иако вчера организираше брифинг со новинари, Бурим Латифи ги избегна медиумите и новинарите кои подолго време ги отвораат овие прашања и бараат одговорност за сомнителните договори и финансиските последици што ги предизвикале тие.

Самиот факт што Бурим Латифи се консултирал со адвокатски канцеларии за иницирање постапка пред арбитража, докажува дека тој ја признава загубата на спорот и предизвиканата штета. Одлуката постои, МЕПСО го има изгубено предарбитражниот спор. Сега само се обидуваат да купат време преку жалби и нови постапки.

Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината: Бурим Латифи го раскинал договорот со „Енергоинвест“ за да склучи договори со компании блиски до Милорад Додик. И не станува збор само за еден договор, досега се склучени два договори со компании од Бања Лука, градот од каде што доаѓа и Додик.

Последиците од овие одлуки ги плаќаат граѓаните. Како резултат на овие договори, државниот буџет е оштетен за над 6 милиони евра.

Затоа, го повикуваме Обвинителството итно да го истражи овој случај и да утврди индивидуална одговорност за предизвиканата штета.

Договорите со компании блиски до Милорад Додик ги чинат граѓаните дополнителни милиони евра. Одговорност мора да има.

Правната држава мора да постапи. – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: 5 ПРАШАЊА НА КОИ АЛИ АХМЕТИ…

Разочарувањето поради пресудата против Хашим Тачи, Кадри…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

Касами: Не сме за предвремени избори, но…

Градоначалникот на Тетово и еден од ко…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА

Партијата што го посеа коцкањето во секое…