ДУИ: Вербалниот напад од Иван Стоилковиќ врз Арбана Пашоли е огледало на политичкиот менталитет на Владата без етнички легитимитет

t

Вербалниот напад на Иван Стоилковиќ врз пратеничката Арбана Пашоли не е случаен инцидент. Тој е вистински одраз на политичкиот менталитет што денес го претставува Владата на ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ – менталитет кој навредува, понижува и ги напаѓа легитимните претставници на Албанците, а за партнери ги избира оние кои немаат легитимитет, немаат глас и немаат достоинство, реагираат од ДУИ.

Од опозициската партија велат дека поскандалозно е тоа што пратениците од ВЛЕН дале глас за Стоилковиќ.

„Скандалозно е што лице со историја на отворени антиалбански изјави, кое до вчера ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за односи меѓу заедниците, денес е наградено со уште поважен министерски ресор. Ова не е промоција на меѓуетничкиот дијалог, туку промоција на политика на потценување, навреди и конфронтација. Уште поскандалозен е фактот што ова унапредување беше овозможено со гласовите на пратениците и пратеничките на ВЛЕН. Тие не можат да тврдат дека ги претставуваат интересите на Албанците, додека истовремено гласаат за унапредување на политичар кој јавно покажал навредливи и непријателски ставови кон Албанците. Нивното молчење и нивниот глас за него претставуваат политичко соучесништво“, велат од ДУИ.

Повикаа премиерот да не молчи пред однесувањето на министерот.

„Денес вербално беше нападната една албанска пратеничка. Утре, со истата логика, ќе биде нападнат секој глас што не ѝ одговара на оваа Влада. Затоа, ова не е само прашање на Арбана, туку прашање на достоинството на секоја жена во политиката и на достоинството на политичкото претставување на Албанците. ДУИ изразува целосна солидарност со пратеничката Арбана Пашоли и бара итна политичка одговорност. Премиерот не смее да молчи пред вакво однесување, бидејќи молчењето значи одобрување. Владата на ВМРО-ДПМНЕ-ВЛЕН-ЗНАМ треба да им објасни на граѓаните дали говорот на омраза, навредите и понижувањето на албанските пратенички се новиот стандард на нивната политика. Албанците нема да прифатат нивните претставници да бидат навредувани, додека оние што ги добиле нивните гласови да останат неми набљудувачи или соучесници во оваа политичка деградација“, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рајскиот пат до Москва: Малдивите станаа таен…

Белите песочни плажи, тиркизните води и затскриените…

Ангелов: Состојбата со пожарите е алармантна, кај…

Пожарникарите го ставија под делумна контрола пожарот…

Гасот е сѐ поскап во Европа, Франција…

Складовите за гас во Франција се полни…

Напади во Германија: Вчера експлозија во електрана,…

Еден ден по експлозијата во трафостаницата до…