ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни измени и ги напаѓа темелите на Охридскиот договор

t

Последните изјави на владините претставници дека „една година не е доволна за уставните измени“ се доказ за недостаток на политичка волја и за неуспех на оваа влада да ја води државата кон европската интеграција и да го почитува самиот Охридскиот мировен договор, се вели во соопштението на ДУИ.

„Од првиот ден на мандатот, покрај блокирањето на европската перспектива, оваа влада и нејзините партнери ги напаѓаат темелите на еднаквоста и Охридскиот мировен договор, го укинаа балансерот, со што го нарушија правичнотот застапување на Албанците и другите заедници; ја девалвираа Охридската рамковна спогодба доверувајќи ја нејзината имплементација на личности со антиалбански и антиевропски ставови, како Иван Стоилковиќ; ја избришаа дијаспората од политичкото претставување и го намалија бројот на Албанците во официјалните статистики; не го почитуваат службеното користење на албанскиот јазик и го девалвираа Инспекторатот за јазици и Агенцијата за примена на јазиците.

Оттаму обвинија дека покрај неуспехот со уставните измени, сегашната влада отворила нови фронтови против механизмите на еднаквост како Бадентеровото мнозинство, кое го опишаа како еден од најсилните уставни столбови што гарантира меѓуетничка стабилност, вистинска еднаквост во државата и заштита од мајоризација и додадоа дека „секој обид за релативизирање или преиспитување на Бадентер претставува обид за враќање на државата назад во исклучување и дискриминација“.

„Сведоци сме дека сè повеќе се шират опасни идеи што ги претставуваат оние кои веруваат дека мултиетничките држави не функционираат и дека треба да се градат етнички држави. Овој пристап се манифестира во два правци: преку ударите врз Охридскот мировен договор, кои ја рушат внатрешната еднаквост, и преку блокирањето на европскиот пат, што ја изолира државата и ја враќа назад“, велат од партијата.

Од ДУИ подвлекуваат дека остануваат политичка сила која го бранеше и ќе го брани Охридскиот мировен договор, евроатлантскиот курс на државата и достоинството на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни…

Последните изјави на владините претставници дека „една…

Османи го претстави проектот „Чаир за сите…

Денес сме собрани тука по една посебна…

ДУИ обвини дека Општина Чаир исплаќа паушали…

Како што рече на прес-конференција Бесарта Алија…

Филипче: Владата нема ниту еден свој резултат,…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…

Филипче: Наместо намалување, цените за училишен прибор…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…