„ДУИ владее со државата, СДСМ е бeзгласна буква, додека Трајанов, Милевски и ДОМ поддржуваат влада која ќе ја донесе државата во слободен пад“
Овој очаен капацитет на Владата ќе биде уште поочаен, поради тоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори бидејќи граѓаните и државата страдаат од лошите политики на власта, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио.
– Јас не знам дали се свесни пратениците на СДСМ и коалиционите партнери дека во оваа Влада главниот збор не го има ниту СДСМ, ниту тие, туку го има ДУИ. И сега 15 пратеника на ДУИ владеат со 120 и со државата. Не знам како не успеваат да го видат тоа, зарем толку им е важен личниот интерес да државниот интерес и интересот на граѓаните е позади, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека главните потези во владата на СДСМ, ги има Али Ахмети и ДУИ.
– Како не можат да видат комплетно се развластени од страна на ДУИ, и дека клучните позиции, клучните потези ги прави Али Ахмети, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тој не го обвинува ДУИ, тој ги обвинува останатите пратеници кои што се дел од СДСМ и нивните коалициони партнери. Мицкоски истакна дека ги обвинува Павле Трајанов, Љупчо Георгиевски, Горан Милевски, Маја Морачанин и останатите како не можат да видат дека тие не поддржуваат Влада во која што мнозински партнер е нивната коалиција, туку поддржуваат Влада на Али Ахмети и ДУИ.
– Колку подолго ја поддржуваат таа Влада, толку повеќе Македонија ќе губи. Затоа што ткивото внатре е разјадено, затоа што системот ни е на колена. Ќе ни требаат можеби години да повторно дојдеме на нулта позиција. Толку ли не разбираат дека државата е во слободен пад. Дека функционирањето на државата како никогаш до сега не е доведена во оваа состојба, нагласи Мицкоски.
Мицкоски во интервјуто повика – „Затоа ги повикувам да размислат трезвено, затоа што ова не е Влада во која што тие се мнозински партнер. Ова е Влада во која што тие се развластени, а вистинското мнозинство го имаат 15 пратеника на Али Ахмети и ДУИ. Треба да разберат дека поддржуваат политики на ДУИ, а не политики на СДСМ и нивните коалициони партнери“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…