ДУИ: ВЛЕН е неуспешен експеримент
Од Демократската унија за интеграција велат дека има секојдневни напушања на структурите на ВЛЕН во сите општини и оти поради тоа коалицијата ВЛЕН и вицепремиерот Изет Меџити се во паника.
„Оваа состојба е последица на лагите кон Албанците, личните профити и напуштањето на националните позиции заради тесни интереси на Меџити и неговиот тесен круг“, велат од ДУИ.
Од партијата велат дека казната за овие политики од страна на граѓаните ќе дојде многу скоро.
„Никој нема право да ја ослабува позицијата на Албанците во државата и да се обидува политички да ги асимилира, како што тоа го прави ВЛЕН. Оваа коалиција е неуспешен експеримент за поделба на албанското политичко ткиво, создадена од структури кои не им мислат добро на Албанците и сакаат да ги контролираат. Ревизионизмот на правата на Албанците и другите заедници нема да помине – референдумот во октомври ќе им покаже каде им е местото“, велат од ДУИ.
Оттаму додаваат дека Националната алијанса за интеграција се шири и оти народот е со неа и секојдневно расте што, како што велат, може да се види од анкетите објавени од кредибилни институции.
Претходно, од ВЛЕН соопштија дека „Европскиот фронт“ на ДУИ се распаѓа, посочувајќи дека две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција, Демократската партија на Турците и Демократската партија на Албанците веќе не се со нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции
Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…
ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…
Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…
