ДУИ: ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение

t

Од партијата ДУИ, велат, ВМРО ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е судски потврдено криминално здружение, но и без тоа, нема граѓанин во нашата држава, дури и членовите на ВМРО ДПМНЕ знаат, дека корупцијата и организираниот криминал во нашата земја е измислена и перфекционирана од страна на ВМРО ДПМНЕ.

„Унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошки партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев, и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти НАТО и анти ЕУ елементи во нашето општество, нема ниту кредибилитет, ниту поддршка да говори и обвинува за корупција, ниту за иднината на нашата земја која што ја држи во заложништво и блокада.

ВМРО ДПМНЕ е синомин на корупција, потврдено од самите партиски челници со признание пред Судот, потврдено од судот и со целосно државно конфискуван имот. Тоа го потврди и Данела Арсовска. Тоа го знае секој граѓанин во Македонија. Тоа го знае цела меѓународна заедница

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним на блокада. Го блокира Собранието, општините, Владата, сите проекти, и цела држава. Тоа е вистинската корупција.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се синоним за заложништво. Нема поголема корупција од заложништвото на ВМРО ДПМНЕ на своите граѓани и нивната европска иднина.

ВМРО ДПМНЕ е во мртва рацистичка трка со Левица која да биде по анти-албанска партија. И Мицкоски и Апасиев ги гледаат Албанците само како слуги, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државнии позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Координираните напади со Левица врз Албанците имаат за цел да ја прикиријат и одлуката на Судот за Човекови Права од Страсбург за криминалот и корупцијата на ВМРО ДПМНЕ потврдена од цел свет.

ВМРО ДПМНЕ и Левица се осамени во нивниот коруптивно – заложнички свет и уште долго време ќе останат во опозиција затоа што немаат поддршка и немаат партнер, ниту домашен, ниту меѓународен“, пишува во соопштениео на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…