ДУИ: ВМРО е против сè и секого, автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо
ВМРО секојдневно и со секоја изјава и соопштение потврдува дека е против развојот, градење автопатишта, против НАТО и ЕУ, против Американски компании и против Албанците, велат денеска од ДУИ како реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
Од партијата на власт потенцираат дека денеска се два дена по истекот на “рокот” на ВМРО за “исплаќање” на наводните “пенали” од 53 милиони евра кон Бехтел и Енка.
-Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата. ВМРО е против се и секого. ВМРО шири хистерија во јавноста и го плаши народот без никаква основа со замислени и измислени заговори и сценарија. Ниту се платија 53 милиони евра, ниту се оствари било што од тоа што трвдеше и ветуваше ВМРО. Граѓаните се сеќаваат дека ВМРО ќе победеше на парламентарните избори во 2020 година со 10 пратеници разлика, или пак дека во три наврати за време на овој мандат имаше 61 пратеник да ја сруши владата, а да не потсеќаме дека мигрантите ја “поплавија” Македонија, и слични дневни лаги на ВМРО како денешнава која што ја повторуваат веќе месец дена и никако да се оствари. Автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо. Блокадата на коалицијата ВМРО и Левица може само да и одмогне на државата во исполнување на својот дел од обврските, стои во партиското соопштение од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…