ДУИ во сабота во спортската сала „Кале“ ќе одржи промотивна конвенција за Бујар Османи

t

Под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“, Демократската унија за интеграција в сабота во 18 часот во спортската сала „Кале“ во Скопје ќе одржи промотивна конвенција на нивниот кандидат за претседател Бујар Османи. Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ 21.

„Што се однесува до претседателските избори, ги повикуваме сите граѓани, не само поддржувачите на ДУИ, да ја поддржат кандидатурата на Бујар Османи на промотивна конвенција што ќе се организира в сабота во 18 часот во Спортската сала „Кале“.Точно е дека ДУИ планира да одржи промотивна конвенција во салата „Борис Трајковски“ посветена на парламентарните избори. Уште не сме одлучило на кој датум ќе се одржи, има време. Бујар Османи на овие избори се натпреварува да победи, но нека биде и последниот претседател избран на овој начин што се избира денеска. Претседателот мора да го избира Собранието, како што се избира во парламентарната демократија – Грција, Албанија и Косово“, рече Адеми.

Прашан околу преговорите за коалиционирање со другите партии, Адеми нагласи дека претседателот на партијата Али Ахмети има целосно овластување од партиските органи да води преговори со сите политички партии. Посочи дека кога ќе донесат конечна одлука, ќе ја споделат со јавноста.

Во однос на финализирањето на листите на кандидати за пратеници, Адеми потенцира дека одлуката за формирање на листите ќе зависи и од договорите за коалицирање, а се уште нема одлука дали тој ќе биде носител на листа.
Адеми соопшти дека пратениците од владејачкото мнозинство до Собранието поднеле измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи. Тој очекува дека законот да биде донесен во текот на оваа недела на пленарна седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…