ДУИ в понеделник ќе договара чекори: Последиците ќе бидат несогледливи
Најтесното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција вчеравечер на вонреден состанок одлучило в понеделник да го свика највисокото партиско тело во пресрет на закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември за Законот за употреба на јазиците, како што соопшти партијата, „за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на Владата да ја дестабилизира земјата“.
– Вчера вечер, тесното Претседателство на Демократската унија за интеграција одржа состанок за да ја процени загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември, која има за цел да го укине Законот за употреба на јазиците и, преку тоа, да го поништи Охридскиот рамковен договор и мирот што тој го воспостави. Тесното раководство оцени дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на нелегитимната влада и претставуваат сериозна закана за стабилноста на земјата и меѓуетничката хармонија. Во пресрет на оваа неприфатлива состојба, Тесното раководство одлучи да го свика највисокото партиско тело во понеделник, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на владата да ја дестабилизира земјата, стои во соопштението.
Истовремено, дополнуваат, уште еднаш ги повикуваме сите актери вклучени во овој монструозен и крајно опасен план да ја прекинат оваа лудост, бидејќи последиците ќе бидат незамисливи.
– ДУИ останува посветена на заштитата на Охридскиот рамковен договор и на сите достигнувања што ја гарантираат еднаквоста и мирот во Северна Македонија. Во овие клучни моменти, ги повикуваме сите граѓани и меѓународните фактори да останат обединети во одбраната на мирот и стабилноста, соопшти ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…