ДУИ: Гласањето за Иван Стоилковиќ денес е политичка одговорност и легитимирање на „Српскиот свет“

t

Скандалозната изјава на министерката на Владата на Србија, која јавно изјави дека Слободан Милошевиќ требало да го изврши и да го доврши етничкото чистење врз Албанците, не е само индивидуален став. Таа претставува израз на опасна идеологија која и понатаму ги велича политиките што предизвикаа војни, геноцид и злосторства против човештвото на Балканот.

Токму затоа, синоќешното гласање во Собранието на Република Северна Македонија добива уште поголема политичка тежина.

Иван Стоилковиќ беше избран за министер и со гласовите на пратениците на ВЛЕН, иако станува збор за политичар познат по своите отворено просрпски, проруски и антиалбански ставови. Имено, тој, со години ги промовира политиките на Александар Вучиќ, ги брани наративите на „Српскиот свет“ и никогаш не ја криел својата непријателска реторика кон интересите на Албанците.

Не е случајно што тие ја делат истата идеолошка платформа, истите наративи и истите политички покровители.

Затоа, ВЛЕН не може да тврди дека не знаел за кого гласа. Со својот глас, тие му дадоа институционален легитимитет на еден експонент на политиката на „Српскиот свет“ во Владата на Република Северна Македонија.

Потсетуваме дека и Извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија јасно укажа на опасноста од влијанието на „Српскиот свет“, како и на зголемувањето на малигното руско и кинеско влијание во земјава. Наместо овие предупредувања да бидат сфатени сериозно, владејачкото мнозинство одлучи дополнително да го унапреди токму еден од најгласните промотори на овие политики.

ДУИ безрезервно ја осудува секоја изјава што оправдува или промовира етничко чистење и бара јасно дистанцирање од секоја идеологија што го рехабилитира режимот на Милошевиќ.

Истовремено, бараме ВЛЕН да им објасни на албанските граѓани како може да тврди дека ги брани нивните интереси, додека гласа за министер политичар кој со години е симбол на антиалбанска, просрпска и прорусka пропаганда.

На Албанците не им се потребни претставници кои ги легитимираат експонентите на „Српскиот свет“, туку претставници кои го бранат достоинството, историјата и евроатлантската ориентација на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…

Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…

ДУИ бара албанскиот јазик да биде вратен…

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли…

ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост –…

Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој…

ДУИ: Откако ВЛЕН стана дел од Владата,…

За време на изборите, ВЛЕН ветуваше дека…

ДУИ: Владата 90% од грантовите за Охридскиот…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја обвини…