ДУИ го поздравува претседавањето на Македонија со ОБСЕ
Демократска Унија за Интеграција го поздравува претседавањето на Македонија со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација.
ДУИ оценува дека ова е голем успех во планот на нашата земја во меѓународната арена.
Под слоганот „За луѓето се работи“ фокусот на претседавање ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност.
Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…
Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…