ДУИ до Мицкоски: Заканите нема да ти успеат, не можеш да исплашиш народ
Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата, реагира ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.
-Овие техники на политички закани и прогон, користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат. Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апарат , чија цел беше потиснување на политичкиот активизам. Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост. Сите аргументи укажуваат дека нашите загрижености за јазикот се реални и базирани на факти. Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата.Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика – велат од ДУИ.
Од партијата на Али Ахмети му порачаа на Мицкоски дека не може да исплаши никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…
ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…