ДУИ загрижени затоа што министерот Алиу промовираше натпис на Институтот за јавно здравје само на македонски јазик
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради флагрантното кршење на Законот за употреба на јазиците од страна на Владата без етнички легитимитет.
Вчерашниот случај, во кој министерот за здравство, Азир Алиу, промовираше натпис во рамките на еден оддел на Институтот за јавно здравје само на македонски јазик, претставува јасен доказ за потценувањето на албанскиот јазик и за грубото кршење на важечкиот закон.
Иронично, во истата институција, за време на владеењето на Демократската унија за интеграција, натписите беа поставени на два јазика, во согласност со законот и со духот на институционалната еднаквост.
Преку приложените фотографии, јавноста може јасно да ја види разликата: како е сега под оваа влада и како беше во периодот кога ДУИ се грижеше за спроведувањето на законот и почитувањето на албанскиот јазик во јавните институции.
ДУИ потсетува дека Законот за употреба на јазиците е јасен и задолжителен: натписите во јавните институции мора да бидат и на албански јазик.
Затоа јавно прашуваме: што уште треба да се случи за албанските вазали во Владата да престанат да аплаудираат и да реагираат? Колку пати треба да се прекрши правото на употреба на албанскиот јазик за тие да сфатат дека нивното молчење претставува соучесништво?
Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ја осудува секоја намера за деградирање на правата на Албанците и секое прекршување на законот што ја гарантира јазичната еднаквост во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…