ДУИ за најавената средба Мицкоски – Филипче: Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт за полноќни средби во политички интимна атмосфера

t

„Изразуваме силна загриженост поради сѐ понагласената моноетничка доминација која власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера. Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови“ соопштија попладнево од опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ).

„Република Северна Македонија претставува препознатлив модел на функционална мултиетничка демократија со јасно изразена евроатлантска ориентација. Овој систем на вредности е внимателно вткаен во трите темелни документи на земјата како што се Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот договор, и Договорот за пријателство со Република Бугарија, зад чие спроведување како гаранција стојат нашите стратешки партнери ЕУ и САД“, велат од партијата.

„На Република Северна Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но не на интимни полноќни средби, туку во пристоен политички формат, со јасно изразена репрезентативност на сите граѓани, и во кој ќе се отворат суштинските прашања од значење за земјата. Основниот модел на мултиетничкиот карактер на земјата е системски загрозен, а загрозен а и интегративниот процес на земјата во Европската унија. Тоа се две клучни стратешки основи кои што сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на земјата, и тоа се двата приоритети за кои треба да се отвори суштински политички дијалог“, додаваат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ДУИ бара одговор зошто нема ниту еден…

ДУИ реагира дека етничките Албанци во државата…