ДУИ: Изградивме градинки, училишта, универзитети, сали, студентски домови, базени за ученици и ги зголемивме платите за наставниците
Демократската унија за интеграција им го честита првиот ден од новата учебна година на учениците, родителите и наставниците.
„На учениците им посакуваме многу успех и ги поддржуваме сите наставници во напорите да ги постигнат образовните цели, но и да добијат правилно вреднување за нивниот интелектуален придонес.
Изградивме училишта во Визбегово, Блаца, мала Речица, се гради во Селце, како и гимназијата Сами Фрашери во Куманово, реновиравме многу училишта во сите населени места, ги решивме проблемите во Чашка и Велес, ги изградивме нашите универзитети и студентски домови во Тетово и Скопје, спортски сали, базени и градинки во нашите општини, заедно со речиси целата образовна инфраструктура на сите нивоа.
Ги зголемивме платите за околу 47,5% во нашиот мандат и го поддржуваме ветеното и заслужено зголемување на платите на наставниците.
Исто така, учебната година ги пречека учениците со готови испечатени книги, без доцнење и недостиг како резултат на нашата работа оваа пролет.
Затоа ви посакуваме добра година со полно здравје, успех за учениците, гордост за родителите и исполнетост за наставниците“ порачаа од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…