ДУИ изразува загриженост за измените на Законот за инспекциски надзор

t

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со измените на Законот за инспекциски надзор, кои ја загрозуваат независноста и ефективното функционирање на Инспекторатот за употреба на јазиците.

„Овој инспекторат е клучен орган за гарантирање на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците и за заштита на јазичните права на граѓаните.

Со последните измени, Собранието го укина статусот на правно лице за сите инспекторати, ставајќи ги под целосна контрола на ресорните министерства.

Инспекторатот за употреба на јазиците е регулиран со два посебни закони – Законот за употреба на јазиците и Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците, кои јасно го дефинираат овој инспекторат како правно лице.

Согласно правниот принцип дека специјалниот закон има предност пред општиот закон, овие одредби не можат да бидат изменети или укинати од еден општ закон како што е Законот за инспекциски надзор.

Затоа, Владата и Министерството за правда немаат никаква правна основа за ставање на овој инспекторат во целосна зависност од министерството и мора итно да обезбедат неговото понатамошно независно функционирање, согласно законот.

Секој обид за намалување на независноста на Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се смета за напад врз јазичните права на албанците и за чекор назад во почитувањето на јазичната еднаквост, гарантирана со Уставот и Охридскиот договор“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…