ДУИ: Изјавите на Мицкоски се поттик за етнички судири

t

Денешните изјави на премиерот Мицкоски не се само чисти клевети и неуспешен обид да се сокрие кризата на легитимитет на неговата моноетничка влада, туку и опасни, бидејќи претставуваат поттик за етнички судири. ДУИ отсекогаш била гаранција за слободни и демократски избори и нема никаква причина да се вклучи во „тајни планови“ или „хаос“, како што тврди Мицкоски, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција кое што МИА го пренесува интегрално.

-Наместо да измислува имагинарни непријатели, премиерот треба да објасни зошто неговата влада го крши Уставот, зошто ги дискриминира Албанците, зошто спротивно на Уставот и законот го намали бројот на советници, зошто ја инструментализира ДИК, Уставниот суд и другите институции во служба на неговите партиски и моноетнички планови и зошто со секоја одлука ја враќа државата назад во времето пред 2001 година. ДУИ не може да остане рамнодушна кога се гази Охридскиот рамковен договор, кој е клучен за стабилноста на земјата и нејзината прогресивна иднина.

Кој соработува со СДСМ, граѓаните видоа и вчера, кога ВМРО и СДСМ ги здружија гласовите за да го дискриминираат претставувањето на дијаспората во нашите општини. Добро е ВМРО и СДСМ да ја прекинат нивната соработка на штета на Албанците и другите заедници, на штета на Охридскиот договор и спротивно на Уставот и законите.

Октомвриските избори ќе бидат тест на граѓанската волја, ќе бидат референдум на кој граѓаните ќе ја казнат политиката на страв, манипулации, демонтажа на мултиетничката држава и поделби. Демократијата не се плаши од вакви невистинити изјави – ниту Албанците, ниту Македонците не заслужуваат да бидат водени од клевети и лажни сценарија. А каде ќе биде ДУИ, тоа зависи единствено од народот, се вели во соопштението на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…