ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама – седум викенд-објекти на иста парцела

t

Демократската унија за интеграција преку соопштение објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити.

„Според официјалните податоци од Катастарот:
– Во Имотен лист бр. 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград, како носители на правото се заведени Висар Ганиу и Недим Рама.
– Двајцата се поврзани со парцелата 1/455, регистрирана на истата локација.
– За истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба бр. 1213, каде како носител на правото е заведен Висар Ганиу.
На оваа парцела се евидентирани седум објекти со намена „А4-3 – викенд куќи“. Значи, не станува збор за обичен имот, туку за комплекс од повеќе викенд-објекти поврзани со лица кои до вчера управуваа со локалната власт, а денес раководат со стратешки државни институции“, велат од ДУИ.

Од партијата поставија неколку прашања, за кои велат дека заслужуваат јавен одговор.

„Овие документи отвораат легитимни прашања кои заслужуваат јавен одговор:
– Кога и како е воспоставена оваа имотно- правна врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама?
– Со какви финансиски средства е реализирана изградбата на седумте викенд- објекти?
– Дали овие имоти и инвестиции се пријавени во анкетните листови и во изјавите за имотна состојба?
– Дали постојат и други деловни односи меѓу лица кои денес контролираат значајни јавни функции?
Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на потекло на имотот, транспарентноста и можниот судир на интереси кај лица кои со години управувале со јавни буџети, а денес раководат со институции од стратешко значење за државата“, стои во партиското соопштение.

Опозициската партија ги повика надлежните да ги испитаат сите околности.

„ДУИ ги повикува Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство без одлагање да ги испитаат сите околности поврзани со оваа заедничка сопственост и со изградбата на комплексот викенд- куќи. Граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: Дали зад политичкото партнерство на ВЛЕН се крие и приватно, односно деловно партнерство?“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу…

Демократската унија за интеграција преку соопштение објавува…

Пленковиќ бара решавање на билатералните прашања пред…

Црна Гора е најсериозен кандидат за нова…

„САД можат само да сонуваат“, рече сестрата…

Сестрата и заменик-претседателката на севернокорејскиот претседател Ким…

Полицијата во лов на дрога: За 24…

Осум лица се лишени од слобода на…

САД ќе ги обновуваат земјите-сојузнички со ирански…

Администрацијата на САД ќе се обиде да…