ДУИ: Маргинализирани, игнорирани и без улога – Влен останува заглавен во опозицискиот менталитет

t

Од ДУИ вратија со реакција по повод соопштението на Вреди.

Од таму велат дека губитничките партии на коалицијата Влен, избрани од ВМРО-ДПМНЕ за да ја играат улогата на претставници на албанците, сè уште се однесуваат како опозиција, бидејќи во реалноста немаат никаква улога во владеењето.

„Маргинализирани и игнорирани од оние што ги именуваа, тие го поминуваат денот ширејќи пропаганда против ДУИ, со цел да го сокријат нивниот целосен неуспех и предавството на албанските интереси.

Толку многу се заробени од ВМРО-ДПМНЕ, што веќе почнаа и да личат на нив – бавејќи се со клевети и пропаганда за минатото, бидејќи немаат никакви резултати да покажат во сегашноста.

ДУИ нема да ја игра улогата на обвинителство за да им одговара на нивните игри на ист начин, но сме загрижени и не можеме да молчиме за деградацијата на албанското претставување во само седум месеци, со што се предизвикаа штети што ќе бидат тешки за поправка со години.

Албанците заслужуваат достоинствено претставување, а не фигури кои служат како декор на власт што ги игнорира и ги користи за туѓи интереси“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…