ДУИ: На ВМРО – ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце
Владата не е нивна играчка, му порача Демократската унија за интеграција(ДУИ) на ВМРО-ДПМНЕ.
ДУИ преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО – ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажало како втора политичка сила во државата.
„За скандалозниот израз ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова’, на ВМРО – ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор“, велат од ДУИ.
Како што се додава, ДУИ останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.
„Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, додава ДУИ.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ порача дека ДУИ не треба да се однесува како дете што плаче за играчка. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе ја формираат новата Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…