ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека бил директор на НОМОГАС – ВЛЕН: Партијата која украде милиони сега глуми истражител

t

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека бил директор на НОМОГАС, обвинуваат од ДУИ денеска.

– Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија.

Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG.
Но, клучниот проблем е датумот.

Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, во период кога Недим Рама веќе ја извршувал функцијата директор на НОМАГАС.

Затоа денес бараме конкретни одговори:

Со кои пари Недим Рама купувал акции во странски компании додека бил директор на НОМАГАС?

Колку конкретно инвестирал во Mercedes-Benz Group AG?

Од која сметка се префрлени средствата?

Кое е потеклото на капиталот?

Дали овие инвестиции биле пријавени во законскиот рок?

И дали постојат други инвестиции во странство кои сè уште не се пријавени пред јавноста?

Ова не се приватни прашања. Недим Рама раководи со стратешка државна компанија и секое позначително зголемување на имотот на јавен функционер за време на неговиот мандат мора да има јасно и проверливо потекло.

Затоа бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата да го провери потеклото на средствата, датумот на купување, вредноста на инвестициите и времето на пријавување на акциите на Недим Рама.

Недим Рама треба да излезе пред јавноста и да објасни од каде се парите.

Прашањето е едноставно:

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес“ и други меѓународни компании? – стои во соопштението на ДУИ.

Од ВЛЕН возвратија дека партијата која украла милиони сега глуми истражител.

ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ.

Затоа, најпрво фактите:

Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена вредност на неговото портфолио изнесува околу 30.000 евра.

Фактот дека Недим Рама лично, во официјален и јавен документ до кој има пристап секој граѓанин, согласно со законот ги пријавил сите свои финансиски и нефинансиски активности, претставува директен демант на инсинуациите на ДУИ.

Тргувањето со акции во „Мерцедес“ или во други компании, како што се „Ново Нордиск“ и „СОФИ Технолоџис“, претставува целосно законска активност, дозволена согласно со важечките прописи во земјата. Особено кога станува збор за тргување со мал број акции. Дополнително, од тргувањето со акции е остварена капитална добивка, која е транспарентно пријавена и за која е платен данок на државата.

Голема манипулација е јавно пријавен имот да се претставува како „откриен“ или како скриен капитал.

ДУИ не приложи ниту еден доказ дека за акциите е употребен еден денар од НОМАГАС, од државниот буџет, од јавен тендер или од незаконски извор, затоа што и самите знаат дека тоа не е вистина. Презентираа само податоци што Недим Рама самиот ги доставил до ДКСК, јавно и транспарентно.

ВЛЕН нема никаков проблем со проверка од која било надлежна институција. Секоја инвестиција, уплата и трансакција може да биде проверена. Впрочем, токму затоа и се јавно пријавени во ДКСК.

Ова се фактите. А кога ДУИ веќе сака да глуми финансиски истражител, нека одговори:

Од каде се стотиците милиони евра во имоти и бизниси со кои се поврзува фамилијата на Али Ахмети само на територијата на Скопје?

Како бизнисот на братот на Бујар Османи напредуваше додека Османи извршуваше некои од највисоките државни функции и што се случи со тој бизнис?

Кои државни и институционални врски ги отворија вратите за бизнисите и ангажманите на братот на Арбер Адеми?

Како токму семејствата од врвот на ДУИ, по повеќе од две децении власт, станаа сопственици на компании, деловни центри, недвижности, концесии и милионски бизниси?

Тоа се прашањата од кои ДУИ бега. Тоа се милионите за кои ДУИ никогаш не сака да одговори.

Наместо одговори, партијата под чија власт израснаа семејни бизнис-империи денес се обидува да произведе „афера“ од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил пред институциите и што се јавно објавени на интернет-страницата на ДКСК.

Ова е панично бегање од сопствените милиони.

Недим Рама го пријавил својот имот. ДУИ се крие зад соопштенија составени од прашалници.

Афера е и ќе остане прашањето за стотиците милиони евра за кои ДУИ молчи и кои ги крие зад имињата на децата и браќата на своите највисоки функционери. – велат од ВЛЕН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…

ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…

Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…

Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…

Демократската унија за интеграција на изборите за…

ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…

ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…

Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…