ДУИ обвинува за етничко исклучување во тајните служби и бара од НАТО и ЕУ да интервенираат
ДУИ алармира преку соопштение дека етничко чистење се врши во тајните служби на земјата. Според партијата, за прв пат од 2001 година, „ниту една раководна позиција – директор, заменик-директор или помошник-директор во трите главни државни безбедносни агенции, вклучително и Агенцијата за разузнавање, Националната агенција за безбедност и Воената разузнавачка агенција, не е предводена од Албанци“. поради тоа, велат од партијата дека се длабоко загрижени.
-Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација на народот кој претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на земјата.
Напротив, тоа е намерна, добро осмислена чистка, која има за цел не само маргинализација, туку и заживување на опасниот менталитет кој со децении го гледа албанското население како „внатрешен непријател“.
Веродостојните информации кои говорат за масовно вработување на десетици, ако не и стотици неалбанци на клучни позиции во тајните служби се доказ дека ова не е само административен процес, туку стратегија за претворање на безбедносните агенции во инструменти на политичка и етничка контрола, што суштински ги поткопува принципите на еднаквост и правична застапеност, порачаа од партијата на Али Ахмети.
ДУИ ги повикува НАТО, Европската Унија и сите меѓународни фактори кои ја препознаваат безбедносната динамика на Балканот веднаш да интервенираат и да не дозволат ова чистење да помине во тишина.
-Систематското исклучување на Албанците од безбедносните структури не е само удар за одреден народ – тоа е директна закана за стабилноста, меѓуетничката кохезија и евроатлантската ориентација на Северна Македонија. Последиците од овој неодговорен пристап би можеле да бидат драматични и постепено да ја вратат длабоката недоверба меѓу Албанците и државата, а особено кон безбедносните структури.
Ова е предупредување кое не може да се игнорира, порачаа од Мала Речица.
Откако ДУИ стана опозициска партија по последните парламентарни избори, постојано испраќа соопштенија во кои се вели дека власта врши кампања на етничка дискриминација и отпуштања на Албанците од државните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…