ДУИ: Одбивањето на зголемувањето на платата на наставниците за 2.500 денари е политичка агенда против учениците и родителите
– Демократската Унија за Интеграција оценува дека Владата со години покажува голема грижа кон образованието, како многу важен сектор во нашето општество.
Одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10% на платите од страна на обединетиот Синдикат за образование, наука и култура како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар е политичка агенда против учениците и родителите.
Демократската Унија за Интеграција смета дека со одбивањето на понудата дадена од страна на Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците, додека штетата оди на сметка на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на наставниот процес, бидејќи правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот.
Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како овие денешните кога цел свет се соочува со пандемијата, економската и енергетската криза, додека Владата и Министерството за Образование и Наука прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес.
Демократската Унија за Интеграција во оваа прилика ги повикува сите наставници и ученици да се вратат во училишните клупи, да продолжат со наставата и воедно апелираме до СОНК да продолжат со дијалогот додека не се најде решение и да не се дозволи бојкотот на наставата да влијае на образовниот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италија сака да воведе данок за богатите…
Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…
Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…
Украина ќе добие нов пакет воена помош…
Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…