Објавено на:

ДУИ: Одлуката на Уставниот суд е удар врз верската слобода и образованието

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на одлуката на Уставниот суд со која се укинува правото на Исламската верска заедница да организира средно верско образование – практика што, според партијата, се спроведува од 1984 година. ДУИ ја нарекува оваа одлука „удар врз верската слобода и идентитетот на муслиманската заедница“, предупредувајќи дека се ускратува правото на образование на илјадници млади.

Од партијата велат дека ова не е само правна одлука, туку и политички сигнал што повторно го отвора прашањето за еднаквост и колективно достоинство. Партијата упати критики и до албанските претставници во владата, обвинувајќи ги за молк и пасивност пред, како што велат, „обидот за враќање кон идејата за еднонационална држава“. ДУИ повика на реакција од јавноста, верските заедници и меѓународната заедница, со порака дека „молкот денес значи соучесништво со неправдата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…