ДУИ: Од Инспекторатот за администрација потврдена злоупотреба на службената должност на министерот Изет Меџити

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) го разоткрива големиот скандал што се случува во Министерството за животна средина, каде што по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдено злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет. Врз основа на решението на Инспекторатот за администрација со број 11-1653/2024 од 17.01.2025 година, Изет Меџити е целосно лишен од своите надлежности, кои се пренесени на Дирекцијата за животна средина- стои во соопштение на ДУИ.

-Со оваа одлука, новиот директор е задолжен да не испраќа на потпис во кабинетот на Меџити ниту еден документ од клучните сектори на министерството, вклучувајќи го Секторот за природа, води, отпад, животна средина и индустриско загадување.

Овие сектори сочинуваат над 70% од надлежностите на Министерството за животна средина, што го прави овој потег невиден преседан.

Оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле условувани од кабинетот на Меџити да даваат мито во замена за административни услуги.

Ова е најјасен доказ за заробеноста на институциите од корупцијата и неспособноста на актуелната влада да обезбеди чиста и функционална администрација.

ДУИ остро ја осудува оваа ситуација и ги повикува правосудните органи веднаш да отворат истрага за одговорните, како и да обезбедат граѓаните и бизнисите повеќе да не бидат жртви на државна уцена и корупција.

ДУИ ќе продолжи да биде гласот на граѓаните и да разоткрива секој обид за злоупотреба на власта од страна на неспособни и корумпирани функционери- се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…