ДУИ: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај
Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон кандидатот за Претседател, Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, предупредувајќи за руско сценарио кое има за цел политички немири по 8 мај.
Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, нешто што ги загрижува и граѓаните, но известен е и меѓународниот фактор во земјата.
Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи оддалечување од Европската унија и приближување до Москва и Путин.
Воедно, ја поздравуваме одлуката на ОБСЕ-ОДИХР да ги следи изборите на 24 април и 8 мај со 24 долгорочни набљудувачи и 300 краткорочни набљудувачи, бидејќи сметаме дека овие избори ќе бидат одлучувачки за иднината на земјата – да кажеме „ДА на Европа, НЕ на Русија“.
Ја уверуваме јавноста дека ДУИ, како и низ другите години, ќе организира слободни, демократски и меѓународно прифатени избори, а обидите на опозицијата да предизвика криза ќе го добијат заслужениот одговор на 8 мај – кога конечно ќе биде запечатен нивниот пораз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…