ДУИ: Партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен политички субјект во Централниот регистар

t

Партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен политички субјект во Централниот регистар. Документите откриваат уште еден скандал: раководството на Алтернатива го сменило претседателот на партијата без да ги информира ниту членството, ниту јавноста, објави денеска ДУИ.

Според податоците во Централниот регистар, претседател на Алтернатива е Зекирија Бериша, шеф на кабинетот на министерот Беким Сали.

Кога е избран Зекирија Бериша за претседател? Кој партиски орган ја донел оваа одлука? Зошто промената била чувана во тајност? Дали членовите на Алтернатива знаат кој правно ја раководи нивната партија?, прашуваат од ДУИ.

Според партијата ова е скандалозен и, најверојатно, невиден случај: една партија го менува претседателот во официјалните документи, а овој факт го крие од граѓаните и од сопственото членство.

БЕСА продолжува да постои со Билал Касами како претседател. Алтернатива продолжува да постои со Зекирија Бериша како претседател. Таканареченото „соединување“ го имаат само за конференции и пропаганда, објави ДУИ.

Инаку пред спојувањето на четирите партии во Влен како единстевен политички субјект, Централното собрание на Алтернатива на почетокот на декември минатата година за в.д. претседател на партијата го назначи Беким Сали. Неговото назначување дојде откако дотогашниот претседател на Алтернатива, Зеќирија Ибраими, си поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…