ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени
Извештајот на Европската комисија за 2025 година содржи најсериозни критики за земјата во последните години, истакна денеска на прес-конференција потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми.
-Извештајот потврдува дека актуелната влада доживеала неуспех речиси во сите основни европски стандарди, доведувајќи го интеграцискиот процес во најдлабоката блокада, истакна Адеми.
Според него, Европската комисија констатира регресија во владеењето на правото, без напредок во независноста на судството и со зголемено политичко влијание. Потенцира дека од предвиденото финансирање за судството кое треба да е 0,8 проценти од БДП, и 0,4 за обвинителството, е далеку од реално.
Адеми посочи дека борбата против корупцијата е со нулта резултати, случаите со висок профил не се завршуваат, а антикорупциските институции се слаби и неефикасни. Извештајот нотира и „видливо влошување“ на слободата на медиумите и основните права, како и длабока политизација на јавната администрација и економска нестабилност.
-Главната порака на ЕУ е јасна, Северна Македонија не може да отвори нови поглавја без решавање на основните проблеми, затоа ДУИ бара итно деблокирање на реформите во правосудството, усогласување на буџетот за судството и обвинителството со европските стандарди, зајакнување на финансиската автономија на правосудните органи, непосредно усвојување на уставните измени, деполитизација на администрацијата и зајакнување на независните институции, целосно спроведување на препораките на ЕУ за првиот кластер, истакна Адеми.
Според Адеми, европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на неуспесите на власта, нагласувајќи дека ДУИ останува посветена на евроатлантскиот курс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…