ДУИ се огради од Груби?

t

„Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот на САД.“ Ова е дел од кусата реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави нивниот висок функционер и поранешен прв вицепремиер, Артан Груби, на т.н. „црна листа“ на САД.

Дали, во превод, интегративците со ова се оградија од Артан Груби. Логиката вели дека ако ја „почитувате“ одлуката на Стејт Депарментот, тогаш се сложувате со неговиот криминал кој е посочен од САД и не го почитувате ставениот на црна листа.

„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, стои во ултра-кусото соопштение на партијата.

ДУИ нагласува дека партнерството со САД останува клучно за зајакнување на демократските вредности и транспарентноста.

Познавачите на состојбите во дилема, дали со ова ДУИ го „излизга“ Груби, довчерашна „десна рака“ на Ахмети, кој по шлаканицата од Вашинготн сега е тотално неупотреблив како кадар за партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…