ДУИ се пожали: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери
Ниту еден од првите албански заменици-премиери во актуелната Влада не претседавал со седница на Владата од јуни 2024 година до денес, тврди Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите.
Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи досега немале претседавано со ниту една владина седница.
„Вкупно: нула“, наведуваат од партијата.
Од ДУИ оценуваат дека ова, според нив, покажува каква е реалната политичка тежина на Албанците во актуелната Влада.
„Функцијата може да се нарекува ‘прв заменик-премиер’, може да има канцеларија, кабинет, службено возило и протокол, но ако повеќе од две години не ти е доверено раководењето со ниту една единствена седница на Владата, тогаш легитимно е да се постави прашањето: што е ‘прво’ во оваа функција?“, се наведува во соопштението.
Од партијата сметаат дека во претходните влади функцијата на замениците-премиери претставувала реален политички и институционален механизам на заедничко управување, додека денес, како што велат, е „сведена на декор“.
ДУИ оценува дека суштинското прашање не е колку функции имаат претставниците на Албанците во Владата, туку колкава одлучувачка моќ имаат.
„Бројката е немилосрдна: 0 претседавани седници со 0 одлучувачка моќ“, заклучуваат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…