ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

t

Демократската унија за интеграција остро реагира на денешната изјава на министетот за здравство Арбен Таравари дека функционери на ДУИ се повикуваат во надлежни обвинителства и дека за кусо време ќе се дознае кои се тие. Од ДУИ велат дека се работи за истражни процеси креирани, режирани и оркестрирани од Владата против политичките противници.

„Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија. Овие закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.

ДУИ поддржува неселективното владеење на правото и бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции. Сите нелегитимни албански експоненти во Владата континуирано се прозивани за големи коруптивни афери од страна на ВМРО ДПМНЕ и нивниот кредибилитет е нула во однос на доброто владеење, напротив мора да сносат одговорност за нивните злоупотреби“ велат од ДУИ.

Оттаму додаваат дека ваквите изјави ги читаат во Брисел и Вашингтон, затоа што, како што наведуваат од партијата, нѐ оддалечуваат од владеењето на правото и европските вредности и ги враќаат застарените времиња на конструкции со политички лов на вештерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…