ДУИ со воинствено видео: Ахмети досега не изгубил ниедна војна

t

По секојдневните предупредувања и закани да не се чепка албанскиот јазик и дека ДУИ ќе ги употреби сите политички, правни и демократски средства за да се спротивстави, како и повиците сите Албанци да застанат против опасноста за јазикот, од вчера на Фејсбук ограноци и членови на ДУИ споделуваат видео со лидерот Али Ахмети како врховен командант на поранешната ОНА.

На видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и фотографии и видеа на Ахмети во униформа на УЧК и средби на лидерот на ДУИ со косовски и албански политичари. Во фокусот на милитантното видео е обраќање на Ахмети најверојатно од некој митинг или собир кое изобилува со воинствена реторика.

-Јас доаѓам од народот, доаѓам од вашиот слој. Дајте ми го мечот, гледајте како го ракувам. Никогаш не сум изгубил ниту една војна, бидејќи војниците ми го подарија мечот – вели Ахмети во видеото.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…