ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации
Демократската унија за интеграција објави соопштение по повод трагедијата во Кочани и одговорноста за неа.
„Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени. За жал, гледаме како Власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда. Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите“, велат од ДУИ.
„Затоа, ги повикуваме институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес. Само вистината и целосната одговорност можат да ја вратат довербата на граѓаните. Секој обид за одвлекување на вниманието од оваа цел не е во служба на правдата, туку во служба на оние што сакаат да ја сокријат вистината“, додаваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…