ДУИ: Унапредени 26 службеници во Царина, без ниту еден Албанец
Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец. Според нив, ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. ДУИ потсетува дека институциите се должни да ги одразуваат мултиетничкиот карактер и уставниот принцип на еднаква застапеност.
-Наместо тоа, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме. Очекуваме итна реакција од Владата и одговорност од оние кои со своето молчење или учество го овозможуваат ова враќање кон дискриминаторски практики. Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата. Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол и да ја вратиме правдата таму каде што ѝ е местото, кај сите граѓани, еднакво, порачаа од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…