ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица, само 1 или 2 се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани и ја споделува тагата со сите граѓани погодени од оваа несреќа, велат од партијата.
Од таму посочуваат дека во врска со одлуката на Јавното обвинителство за 30-дневен притвор на поранешниот министер крешник бектеши и други претставници на претходната влада, дуи сака да појасни неколку клучни аспекти пред јавноста:
– Прво, концептот на „верижни пропусти“ што довеле до трагедијата не постои во терминологијата на кривичниот законик. Секоја лиценца за вакви објекти се обновува на годишно ниво, земајќи ги предвид специфичните услови за таа година. Затоа, неточно е да се тврди дека постои континуирана одговорност без прекин низ годините. Второ, и најважно, во ноќта на трагедијата, клубот работел без никаква лиценца: веќе една година немал легитимна лиценца, а дури и фалсификуваната веќе била истечена. Ова подразбира дека главната одговорност лежи кај оние кои требало да го спречат функционирањето на ноќен клуб без лиценца таа кобна ноќ. Потребна е длабинска и непристрасна истрага за да се утврди како објект без лиценца можел да работи и да ги загрози животите на стотици млади луѓе. Трето, треба да се истакне дека издадените лиценци во минатото биле за кабаре, кое има специфични критериуми и ограничувања во бројот на дозволени лица. Фактот дека од 35-те приведени лица, само 1 или 2 се актуелни функционери, отвора сомнежи за селективна правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…