ДУИ ја поздрави изјавата на Ескобар дека Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Македонија да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.
Од ДУИ велат дека силното партнерство и мултилатералното сојузништво на Македонија со НАТО и ОБСЕ е заслуга на проевропските политики на актуелната Влада, што е нагласено и во оценките на стратешкиот партнер на Македонија – Соединетите Американски Држави.
„Затоа, кампањата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ги отелотворува промените што државата ги спроведе во однос на интеграцијата, додека истата политика ќе продолжи и по изборите на 8-ми мај, кога граѓаните ќе гласаат за остро да ги осудат руските импликации кои веќе се дел и од албанската и од македонската опозиција“, велат од ДУИ.
Според нив, токму шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно и кандидат за претседател на државата, како претседавач со ОБСЕ го претворил Скопје во светски центар на политичките случувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Binance првпат се огласи за можниот безбедносен…
Криптовалутната берза Binance, според објава на социјалната…
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…