ДУИ ќе продолжи да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата, порачаа од партијата на Ахмети
Да се биде три години дел од најмоќната воено – политичка организација во светот претставува остварување на најважната стратешка определба на граѓаните од самото осамостојување на земјата, велат од Демократската унија за интеграција на тригодишнината од членството во НАТО.
„На тригодишнината од нашето членство можеме да констатираме дека Република Македонија се покажа како рамноправен партнер на сојузниците во Алијансата, остварувајќи значаен придонес како во регионалната така и во европската безбедност.
Со своето политичко делување, Демократската унија за интеграција ќе продолжи активно да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата, придонесувајќи со тоа и за остварување и на втората стратешка цел – членството на Република Македонија во Европската Унија“, се потенцира во соопштението од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…