ДУИ ќе собира пратенички потписи за внесување на Бугарите во Уставот
ДУИ најави започнување на постапката за собирање пратенички потписи за почеток на процесот на уставните измени. Според пратеникот и координатор на пратеничката група на „Европскиот фронт“, Блерим Беџети, предлог за измема на Уставот може да поднесат најмалку 30 пратеници. Беџети ги повика сите пратеници да им се приклучат.
-ВМРО-ДПМНЕ не може сите заедници и граѓани да ги остави во заложништво. Ова се сериозни моменти и потреби, затоа бараме 30 пратеници ,а особено ги повикавме пратениците од ВЛЕН. Затоа што политичарите се врзуваат со граѓаните и договорот што го создаваат врз програмата и јавно искажаните ставови. Во нивната програма, со лик и глас, го ветија истото. Ако имаат чесност и коректност, треба да стават потпис, а потоа се на ред и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кажа Беџети на денешната прес-конференција во Собранието, додавајќи дека ова не е политички притисок туку реална потреба за да, како што вели, се придвижеме напред како држава и да отвориме перспектива за граѓаните.
Пратеникот сака да верува дека и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени за внесување на Бугарите во Преамбулата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…
Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…
Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…