Дунав се излеа од коритото и почна да ги поплавува насипите во центарот на Будимпешта

t

Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата го покрива насипот на долниот кеј во Пешта пред зградата на унгарскиот Парламент, пренесе Индекс.хр. 

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. 

Во Будимпешта пикот се очекува в сабота, кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. 

Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. 

Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. 

Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран се заканува со ракетни напади врз…

Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…

РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…

Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…

Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…

Индија од 2023 година наваму продала на…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…