Објавено на:

Дури тогаш црно ќе ни се пишува: Шефот на Вагнер сака да го замени Путин?

t

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин даде интервју за руски новинари, кое беше објавено на неговата сопствена Федерална новинска агенција.

Аналитичарите веруваат дека неговите гестови видени во интервјуто може да навестат амбиции да го предизвика Владимир Путин на претседателските избори во Русија во 2024 година.

Институтот за проучување на војната вели дека „интервјуто е забележливо по неговиот уникатен формат“ и дека „изгледа како Пригожин да го имитира начинот на кој рускиот претседател Владимир Путин ги снима своите јавни состаноци“.

„Во интервјуто, Пригожин е ставен во кадарот пред публиката на ист начин како што обично изгледа кога Путин има состаноци или е фотографиран“, велат аналитичарите на ISW.

„Овој филмски стил е невообичаен за Пригожин, бидејќи јавните видео-изјави на Пригожин обично не користат таков стерилен формат. Неодамнешното однесување на Пригожин, без оглед на неговата намера, го унапредува наративот во руското општество дека Пригожин има поголеми политички аспирации во Русија“, се заклучува во анализата.

Да потсетиме, Путин и Пригожин се познаваат долго време. Кога поранешниот офицер на КГБ Путин сè уште работеше во градската администрација на Св. Петербург, тој наводно го посетувал ресторанот на Пригожин. И затоа овој бизнисмен, кој се збогатил во хаотичните 90-ти во Русија и кој, инаку, веќе бил во затвор поради грабеж, го добил прекарот „готвачот на Путин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…