Дури тогаш ќе биде пекол: Дали Русија се спрема за мобилизација на 1,2 милиони војници?!
Во Русија во моментов нема нов бран на мобилизација на граѓани за учество во „специјалната воена операција“ во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Нема нов бран. Овде, со секој конкретен гувернер треба да се разјасни што тие мислат“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ги изјавите на одредени гувернери дека добиле нови задачи за мобилизација.
Сепак, на 28 септември, гувернерот на Ростовската област Васили Голубев на Телеграм објави дека Ростовската област „практично ја завршила задачата за делумна мобилизација“, а вчера изјави дека регионот добил нова задача за мобилизација, која општинските комисии за регрутирање веќе почнале да ја исполнуваат.
Пратеникот во Државната дума Андреј Гљаев на почетокот на октомври изјави дека не исклучува нов бран на мобилизација.
Делумна мобилизација се спроведува од 21 септември со указ на Владимир Путин. Кремљ ги нарече лажни информациите за плановите за мобилизација на 1,2 милиони Руси наместо 300.000 како што објави Министерството за одбрана, пренесува Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…