Дури 26 милиони Иранци се пријавиле за доброволци во воена служба
И покрај моменталниот прекин на огнот во војната со САД и Израел, повеќе од 26 милиони луѓе доброволно се пријавиле за воена служба, јави ДПА повикувајќи се на иранските медиуми.
Веста доаѓа како дел од кампањата наречена „Жртвувај го својот живот“, објави денеска државниот радиодифузер IRIB во среда.
Во Иран живеат околу 90 милиони луѓе, потсетува германската агенција.
Според државното радио, волонтерите треба да бидат распоредени заедно со Револуционерната гарда и армијата. Планирани се и човечки синџири за заштита на потенцијални цели.
Според IRIB, меѓу лицата кои се пријавиле и регистрирале за воена служба се и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, повеќето од неговите министри, како и бројни функционери, спортисти и уметници.
Влијателниот претседател на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, исто така е регистриран како доброволец, пренесува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…
Пример за многу други: Хориха во првиот…
Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…