ДУРЛОВСКИ ПО ОБВИНУВАЊЕТО ОД СДСМ ПРОТИВ НЕГО: Предмет сте на потсмев заради мракот во МОБ, прашајте си го сегашниот уметнички раководител!
Игор ДУРЛОВСКИ
Во врска со обидите СДСМ повторно да најде изговор за сопствената неспособност и неможноста на нивните кадри ни сметките за струја да ги платат, а не па да направат програма каква што имаше во мојот краток мандат 2016/17, сакам да посочам дека секој понатамошен обид за моја лична дискредитација, кога се предмет на потсмев поради вселенската неспособност, ќе заврши како операта и балетот под нивно раководство – во мрак!
А доколку ги интересира работењето од 2011 до 2016, советувам генералниот директор на МОБ Васо Ристов за истото да си го праша сегашниот уметнички раководител, назначен лично од него, кој ја извршуваше функцијата генерален директор во посочениот период.
Без почит, со уште едно потсетување како изгледа МОБ кога има светлина и воедно порака до сите вљубеници во уметноста дека светлината ќе се врати!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученичка била физички малтретирана од нејзината мајка,…
На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР…
Сајбернапади кај надворешни добавувачи на „Џеј Пи…
„Џеј Пи Морган Чејс“, „Виза“ и „Мастеркард“…
„Аксиос“: Трамп разгледува нов напад врз Иран,…
Белата куќа побарала од Пентагон и од…
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…