Д-р Беќаровски до Комисијата за зpазни болести: Ако не ги промените протоколите ќе нема кој да работи во државава

t

Д-р Нико Беќаровски преку социјалните мрежи упати апел до Комисијата за заразни болести да ги промени протоколите за изолација на контактите на ковид болните, бидејќи со постоечките протколи, според него, наскоро сите ќе бидеме во изолација и ќе нема кој да работи во државава.

„Почитувани членови на Комисијата за заразни болести,
Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!!
Сите ќе бидеме во изолација.
Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.
Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.
#Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште 5000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани.
Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци.
P.S. за Flurona и Ihu некој друг дeн, премногу е за денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…