Д-р. Бобан Вучевски со детали за пукањето пред болницата во Тетово
Докторот Бобан Вучевски излезе пред медиумите и проговори за тепачката со оружје што се случи вечерва во тетовската болница, јавува ТВ21.
Тој рече дека двете лица кои се степале со пиштоли се пациенти во болница, бидејќи се лечеле од повредите кои претходно во текот на денот ги добиле од меѓусебната пресметка.
Двајцата повредени се во критична состојба и се испратени на скопските клиники.
– Во 18 часот дошло до пресметка со огнено оружје, при што биле повредени две лица и тоа наши пациенти. Едниот беше во покритична состојба, интервениравме и со екипа за реанимација и анестезија беше префрлен на Клиниките во Скопје. Вториот пациент, исто така повреден, е во постабилна состојба. Нашите торакални хирурзи му поставија торакален одвод за да го стабилизираат и исто така беше испратен на Клиниките „Мајка Тереза“ Скопје, вели Вучевски.
Дали тепачката се случила внатре во болницата?
Да, внатре во болницата. Нема повредени лица. Во моментов екипа на МВР и Обвинителството работат на случајот. Се е стабилно“, рече Вучевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…