Д-р Даниловски: Омикрон ќе стане ендемски вирус – треба да очекуваме сезонско зголемување на бројот на новозаразени
Професорот и епидемиолог Драган Даниловски смета дека ефективниот репродукциски број на заразени со Ковид-19 благо расте од 24-ти април.
-Тогаш беше околу 0,9, сега е над 1 и тоа се гледа од седумдневните процеси. За очекување е ваков благ пораст и во наредните денови со оглед на празниците. Гужвите ќе доведат до поголем број, но тоа нема да влијае на епидемиолошката состојба. Стојам на тој став и понатаму, вели д-р Даниловски.
Според него, од наесен ќе има благ сезонски пораст на бројките.
-Во Јужна Африка се појавија нови варијанти за кои се верува дека се позаразени од сегашниот. Исто така има и во САД. Ако тие две варијанти успеат да станат доминанти во светот, веројатно и кај нас еден ден, порастот на бројките би бил малку поизразен, но ништо страшно нема да се случи. Колективниот имунитет што го имаме сретнато е ненадминлива бариера, додава докторот.
Даниловски појаснува дека омикрон оди кон тоа да стане ендемски вирус.
-Тој и понатаму ќе биде поопасен од грипот затоа што кај 30 до 40% што го прележуваат вирусот, настануваат пост-ковид компликации. Исто така тој ќе биде опасност за невакцинираните граѓани, информира докторот во изјава за ТВ Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…
Минатата недела имало 72 случаи на заразени…
Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…
Зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени…
Во периодот од 18 до 24 декември…
Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…
Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…
Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…
Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…