Д-р Марковски со лекција за дехидратација: На лесно дехидрирано дете не се дава инфузија – Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање

t

Дехидратација

Од предавањата по инфективни болести

Дехидратацијата е голем проблем особено за детската возраст, повеќе од 1 милион и 800.000 деца годишно во светот умираат поради дехидрираност.

Има три степени на дехидрираност: (Загуба на течности и електролити (На, К, Хл); Нарушување на АБС ( крвта =Ph 7,36)

ЛЕСНА = 3-5% загуба од телесна тежина
УМЕРЕНА= 6-9% од тт (5-7%)
ТЕШКА= над 9% од тт (над 8 %)
Клинички знаци (проценка) -ДЕЦА
ЛЕСНА дехидрираност = жед, вознемиреност, раздразливост нормални (пулс,респирации, притисок, очи,урина), солзи има, лигавици влажни, тургор очуван
УМЕРЕНА дехидрираност = жед, вознемиреност/или поспаност (не реагира на допир) пулс-забрзан,респирации длабоки, очи потонати, отсутни солзи, лигавици суви, урина смалена и темна, тургор очуван
ТЕШКА дехидрираност=млитави, поспани-до кома, цијанотични екстремитети, изразито суви лигавици, вдлабната голема фонтанела, брзи и длабоки респирации (нема реакција на груби дразби и солзи), очи халонирани (вовлечени), низок притисок, забрзан немерлив пулс, тургор намален, урина нема
РЕХИДРАТАЦИЈА

ПЕРОРАЛНА = кога е лесна дехидрираност
ПАРЕНТЕРАЛНА = тешка дехидратација
Парентерална
Колку телности и до кога парентерално??
20-30 мл/кг/тт – за пола час како прва помош
Остатокот од предвиденото (колку течност е изгубена, толку треба да се врати) споро капка по капка во тек на 24 часа = или до нормализирање на пулс, добивање урина, добар крвен притисок
Несакани ефекти = ПРЕХИДРИРАЊЕ (едем на мозок, едем на бели дробови)
Значи умерено дехидрирано дете веќе е поспано, отсутни се солзим урина има малку и концентрирана темна. Тешко дехидрирано дете е сопорозно (силно поспано) не реагира на дразби, нема солзи, нема урина… Само во случај на умерена и тешка дехидрираност е оправдано давање на инфузија. Кога има дете (или возрасен) кое е лесно дехидрирано, што се гледа од клиничка слика, плаче со солзи, има мокрача, свесно е, пулсот и бројот на ресирации се нормални, очите не се вовлечени, лигавиците (јазикот) се влажни рехидрирањето оди ПЕРОРАЛНО (преку уста).

Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање (хиперволемија). Со вазодилатација на вени (проширување) се амортизира некое време. Вишокот на течност треба да го исфрлат бубрезите, во спротивно настанува белодробен едем и смрт за десетина минути и/или едем на мозок што ќе се манифестира со повраќање во млаз поспаност, кома и смрт. Волуменот на циркулација кај возрасен е околу 7% од телесната тежина (околу 5-5,5л). Кај новородени волуменот е поголем 13-14%, кај деца од 1 година околу 11% од телесна тежина. Значи на дете од околу 15 кгр волуменот на циркулација е помалку од 1,5 литар. Нагло, брзо давање (во рок од 1 час) на третина од волуменот (500 мл) на дете кое е лесно дехидрирано (или не е дехидрирано) ќе доведе до прехидрирање со тешки последици.

За појсано, истото ќе биде ако на возрасен кој е лесно дехидриран (или не е дехидриран) за еден час преку вена му дадеме 30 % од волумениот на неговата циркулација (30% од 5 л) што би изнесувало 3 инфузии од по 500 мл за еден час??? Исто ќе дојде до нагол скок на притисок, едем на мозок, едем на бели дробови, и смрт доколку веднаш не се намали волуменот со давање силни диуретици или венепункција и пуштање да истече одредена количина на крв.

Скопје 29.3.2023 година Проф др Вело Марковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Нигерија: Над 100 затвореници избегаа откако дождовите…

Најмалку 118 затвореници побегнаа од затвор откако…

Путин: Руската економија динамично расте

Рускиот БДП продолжува да покажува позитивни стапки…

НОВО ОТКРИТИЕ ЗА МАСАКРОТ ВО МОСКВА: Вака…

Според последните податоци, 145 лица загинаа во…

Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица…

Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица…