Д-р Нино Васев е врвен професионалец кој помагал секому, рече Венко Филипче пред Анкетната комисија за случајот со Онкологија

t

Денешната трета седница на Анкетната комисија за случајот на Онкологија, денеска почна со сослушување на поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Освен него, пред членовите на Комисијата треба да биде сослушан и актуелниот министер, Фатмир Меџити.

Претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи го праша поранешниот министер Филипче дали директорот на Клиниката Нино Васев работел етички, на што Филипче одговори дека се работи за врвен професионалец кој помагал секому, а доколку некој се сомнева дека тој сторил кривично дело, тоа може да се истражи.

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

За овој случај, Јавното обвинителство води истрага, а групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак протестираат барајќи одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранските војници на југот добиле заштитна опрема…

Иранските воени единици распоредени во јужните делови…

Учебник по македонски јазик за шесто одделение…

Македонски учебник стана тема за расправа во…

Иран лансираше противбродски балистички ракети од југот…

Иран вечерва лансираше противбродски балистички ракети од…

Ирански медиуми неколку часа пред инцидентот предупредиле…

Само неколку часа пред денешниот сериозен авијациски…